недвосмилен (прил.) - покаже (гл.)

Во истиот број била пренесена и информацијата за демонстрациите што биле изведени од „Македонците кои имаат врска со Бугарија“ и кои се надевале дека „нивниот дел од Југославија (се мисли на делот на Македонија во рамките на Кралството Југославија, б. м.) ќе ѝ биде даден на Бугарија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Информацијата недвосмислено покажува дека дописникот на „Вашингтон пост“ добро бил запознаен со историјата на македонскиот народ, бидејќи тој во текстот ги двои Македонците од Србите, како народ со посебна национална припадност, што го потврдува и информацијата од 25 март 1941 година во истиот весник, дека демонстрациите во Македонија може да „предизвикаат незгоди меѓу Македонците и Србите“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)