— Море ми, како ти текна и воа да го направиш златна, Доле? — праша со восхитеност Доста Макрева и ја фати за врат небарем ќе ја избакне.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но Татко, од прозорецот на својата нова работна просторија, го забележа како се оддалечува од Архивот гледајќи час напред час назад, небаре ќе го здогледа својот пријател.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
И сега ти шетам по мислите небаре ќе те сретнам како и ти шеташ по моите...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Планини затемнете во сивилото на утрото небесната закрпена дупка ми пушта зраци небаре ќе ми ги отвори очите и да видам, да видам каде одам во утрото на мојата пролет.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
На, фати и држи го конецот на споменот, се додека некој од мртви раце не ти го земе... небаре ќе ти откине усвитена желба...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Одненадеж замавнувам со рацете, небаре ќе летнам. - Good morning - велам.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Стојам јас тука, настрана, и гледам и срцево небаре ќе ми се откине, гледајќи го ова и слушајќи и дење и ноќе олелии...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Кога потоа се запраша зошто е толку нервозен, сфати дека си мисли „Гадот се ожени и не живее веќе со мајка му“.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Во тоа време гледав како тетка Олга пребледува и ги подава рацете накај шолјата, небаре ќе фати нешто што ќе излета од неа, а потоа како устата полека ѝ се искривува.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
1. Грозна смеа
Опеј, ја Божице, дарбата за светогрдие
за иноказание, за смеа грозна низ плач и жолч
изречи ја славно на смртниците поругата,
подбивот и јамбот, отровниот рев
шегата пој ја на раѓањето и смртта
маската, порокот и гревот
опиши го, Вечна, на киклопот кикотот
кркорот на крвта
во обрач од стих завиено и сласно
растури го кругот, барутот, чаурата
со метар, а безмерно смерно
во речта магично обратена,17со очи на тилот
во стар образ, а со друга вера
- кој прв спомна на Бога Име
небаре ќе го снема ако не има
во времето знак
да биде освен вера, завера
освен пат и бездна
отсутен а присутен
по севезден ѕвезден?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Пред да експлодираат кокичињата Се лизнав и паднав и станав и со лопата го фрлав снегот преку рамото на улицата* тркалото шлајфуваше* во машината за перење алишта се цедеше потта од мишките на улицата и смрдеата од устата на ѓубреџиската кола чие тркало шлајфуваше во длабокиот снег* децата дојдоа со везени пиперки и со друг зарзават и со тенџере и со метла небаре ќе прават вештерка а не***
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)