небаре (прил.) - крило (имн.)

Ако на човекот не му е погодено и не му е дадена љубов кога е помал, едноставно не може да ја постигне целта, небаре крилата да ти се скастрени, спечени, па не можеш да полеташ, барем според мене.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Господ и Богородица Мајчица ни дале сила невидена, небаре крилја ни дале - та со еден здив да ја минеме коријана - да ја искачиме планинава! - до трипати се прекрсти баба Петра. ***
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)