Па што бара сонцето кај смртта дома?
Се затемнува ли како осветлен филм
или блеснува јарко небаре животот е
пладне створено за излив на крвта?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
ТРЕТАТА ЖЕНА: Јас го имам сè уште тој проблем, мајка ми никогаш не ме прашала како ми е, никогаш не ми објасни како да се однесувам со другиот пол, само се грижеше дали правилно се хранам, небаре животот се состои само од јадење.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)