- „Така си е тоа. Вие сте како и сите ние. Кога ќе помислам дека глупаците тврдат оти на нашево време му недостасува поезија – небаре тоа нема свои надреалисти, свои пророци, свои филмски ѕвезди и диктатори!
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Каде ли го чув тоа за поетот кој не можел да сака ниедна жена затоа што во некое друго време ја сретнал Антигона? Тоа ми се допаѓа...
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Овошјето од еден обичен плакат
го поместува тлото под душникот
го лизга ровко и несопирливо
и ве пренесува во детството
- небаре тоа е на едниот, а
вие на другиот крај
небаре сте биле еден без друг
вие, кои не сте смееле -
повторно ја доживувате возбудата
на окото и моливот
кога сте цртале гроздови, круши и јаболка
и сте го наслушнале разговорот
меѓу мечтата и раката во којашто
се влевал еросот на иднината.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)