Тој се обѕирна назад и на сите страни: небаре имаше море околу него.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Пандо стои скраја од џадето. Во грлото небаре има грутка.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Небаре имаше на ум дека е сега тепе на времето, ама дека од тепето секогаш мора да се слезе.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Неколку од момчињата кои во текот на ноќта ги будеа доброволците го видоа Нумо кога стигна до камионот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Земанек стана и беше решен да дојдеме попосле, на претставата од пет; но јас станав и, како што редовно ми се случуваше во последно време (да зборувам нешто што воопшто не го мислам, небаре имам туѓ јазик, небаре живеам исечоци од туѓ живот), реков: „Да, господин.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)