Игор Лозински, небаре вникнат во татковите мисли во ноќта на ловот на јагулите, кога рибарите ги десеткуваа на нивното минување од Езерото кон реката, ја прекина тишината: - Јагулата од искона ја следи вечноста на реката, подвижен мост меѓу Езерото и морињата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)