Размислуваше така за себе Јагулче Дримски, небаре беше црвен отомански валија, во сталински вилает, во очекување на катил-ферманот, или ферманот за унапредување.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Од една огромна гумена цевка, прицврстена за железната мрежа, излегуваше бел чад.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Таа светла жива линија, во синото Езеро, небаре беше сенката на Халеевата комета, која се појавуваше по единствен пат во животот на Татко и неговото семејство.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Калија. Калија небаре беше гласник на сиот негов таксират.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Иако покривите почнаа тукушто да се цедат од заблагнатото време, небаре беше пукнала вистинска пролет, така се чинеше.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Еднаш, кога се случи она со Бошко, пак беа со него и тој, веќе подготвен за секакви изненадувања и неволи, најбрзо од сите се созеде, небаре беше создаден не само трпеливо да ја поднесува својата несреќа, туку и да им ја олеснува на другите.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Амамџијата Селим, кој со топлите ленени крпи го триеше телото на ибн Пајко во Чифте-амамот, небаре беше најблиску до неговата мисла и до неговата душа.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Не се слушаа веќе зборови на неверица. Напротив, некоја чудна одушевеност ги обземаше работниците, шефовите, техничарите, инженерите, небаре бевме сведоци на создавање на некое чудо.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)