најчесто (прил.) - му (зам.)

Таа потреба што себеси се искажуваше како неодредена желба не гаснеше поради сѐ позачестените сексуални подмирувања што најчесто му ги овозможуваше раката.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Прикажуваа секогаш, кога ќе го видеа него, а најчесто му прикажуваа за неговиот предедо додека тој растеше; му прикажуваа нему, додека ја земаше врз себе ликата на својот предедо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега можам само да жалам што најчесто му повладував, не бев критична и не се обидував да го доведам на место, што се вели, и така на вештачки начин му создавав чувство на поголема вредност.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)