На работа, во Судот, Татко најчесто беше молчалив, замислен.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Тој, всушност, тоа и го правеше, но ние најчесто бевме будни, ама со затворени очи, сакајќи да ја почувствуваме топлината на неговата често отсутна рака...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Така купуваа станови и џипови па фрустрацијата од нудењето сексуални услуги на старите пастуви мораше некаде да ја истурат, а тоа најчесто беше преку незастанување на пешаците низ скотските улици.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Под веѓите ѝ се криеја два кладенца, два камелеони што ја менуваа бојата. Најчесто беа зелени. Беа место за одмор на многу туѓи очи. Крупни и моќни.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Главна финта за Нова Година тогаш беа прскалици, кои што најчесто беа во новогодишното пакетче што го добивавме три-четири дена пред триесет и први декември.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
За мајка ми искажаните сомненија од страна на оние што ја познаваа но и на оние што таа не ги познаваше, беа сосема нормални, а изведените пресметувања и предвидувања, во врска со очинството на нејзиниот син, иако најчесто беа обични подметнувања, нејзе воопшто не и пречеа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И она што ми се чинеше најбитно, мајка ми не се ни обиде да ги поведе луѓето кон некоја друга поинаква вистина.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Успеваше со книgите да се спаси од хроничниот дисконтинуитет на Балканот, кој најчесто беше резултат од непредвидливите налети на историјата врз судбината на луѓето.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Тие најчесто беа меѓу нас.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Го сметаа за визионер но и за тиранин, за упорен но попустлив, но најчесто беше воден од својот инстинкт.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Сличен беше и случајот на Тито Јасер Арафат живееше со судбината на својот народ во егзил, со неговите племиња и судири, со неговите надежи и грижи.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
А јас најчесто бев сам, без никого во животот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Влегував во неговата просторија со мал прозорец кој повеќе изгледаше како пукнатина на ѕидот, и застанував покрај креветот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во секој од нашите домови тој имаше своја соба - тоа најчесто беа малечки преуредени сопчиња, кои пред нашите вселувања биле шпајзови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Од раѓањето па до венчавката девојките најчесто беа чувани во потполно незнаење за сексуалноста и можеа само нејасно да ги насетуваат нештата; од дома излегуваа само во придружба на мајките или на некој од повозрасните роднини; од нив се криеше секоја претстава за интимните делови на машкото тело и секоја претстава за интимниот однос.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Некои девојки од своите мајки дознаваа, само неколку часови пред венчавката, што е она што ќе се случи во првата брачна ноќ.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Виновници, се разбира, најчесто беа отсутните Балканци, сите го отфрлуваа проклетството што подалеку од себе, кон Балканот, каде на друго место?
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Само се чувствував чудно, не знам како да го објаснам тоа, како да бев исполнета со некоја јанѕа и недоверба, најчесто бев во некое радосно–жално расположение.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)