Кога оцени дека е тишината погодна да го наложи својот авторитетен глас, секретарот, Трим Тоска, Албанец, познат првоборец од овој крај, стана и ги претстави присутните со избрани зборови, најпрвин претставникот на централниот комитет на Партијата, потем претставниците на Министерството за градежништво и урбанизам, па локалните функционери, како и биологот Цветан Горски, Јагулче Дримски очекуваше да го слушне и своето име. Ама, ништо!
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)