Најпосле на вратата се покажа кметот и еден германски офицер.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Оној фалбаџијата Методија Гришкоски, тој најголем подлизурко, најпосле на повеќето им беше дојден до нос.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
И кога најпосле на Трна ѝ се разболе и последната надеж, Пецето, — тој побрза да ја исплаши дека свети Илија толку се разлутил на неа што не ја дава нивата за манастир, та ете и последното пиленце ќе и го прибере.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Клинкаше поднаведен бившиот народен учител, впрегнат во тој штурински пат, со широко размавтани раце, со крвничка мисла да ѝ стапи најпосле на судбината на грло, и да гмечи, и да гмечи.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Пееја, пееја, до зарипнување. Најпосле на врата се појави таа - сета во прозрачна свила.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Сите имиња на жените од маалото ги преброја пред да се сети најпосле на моето.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)