Мајка беше свесна дека, од распоредот на Татковите книги, најмногу ќе зависи насоката на нашиот балкански егзил или, како што милуваше да вели Татко, на идните патишта во балканскиот лавиринт.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Ако му се восхитуваш на блескавото небо, јас ќе бидам ѕвездата што најмногу ќе свети.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Кој ли ќе писне најгласно, кој најмногу ќе корне коса, кој најпрвин ќе се скамени од болка и чија болка ќе биде потешка и поголема?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Мислам дека најмногу ќе ве интересира намалувањето на бројот на глаголите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ја одбра онаа која според описот изгледаше дека најмногу ќе му одговара.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Приказна како приказна, ја сервираа на јавноста на фонот на посмртните маршови и закани дека ќе стрелаат прецизно таму каде што најмногу ќе ја заболи државата.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
А јас, добри мои, би ве потсетил на најубавиот подарок што сте должни да ѝ го подарите на својата мајка, подарок што најмногу ќе ја весели и ќе ја радува.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Од сите кои ги оставаме, вие сигурно најмногу ќе ни недостигате.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Балканот најмногу ќе страда. Ова е век на војни.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Сестра ми во меѓувреме се оддаде
на волшебно одгледување растенија
гледаше во нив имаме ли иднина или не
моите невени развија раскошно
и сега ми се пред очи отворени како мугри
ти најмногу ќе ги израдуваш мама и тато
со твојата судбина, рече таа
на мама ѝ се врати надежта
и се насмеа за сите
тато се разбуди од сон што не ни го раскажа
и појде на извор
јас не верував во ништо иако и денес
се вознемирувам од помислата на неа
барем ноќта да не ја испуштам
денот изгледа не е доволен
да се стигне на правото место
реков и почувствував
- имам работа со симболи
од -ден-на-ден стравот е сѐ пострвен
ако не се исплашам нема да запамтам
што се случило
стравот е време
додека се думам во мракот
- останало ли нешто од мене
мрда под прстите
надигнат и препороден.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
И затоа сметам дека ова училиште најмногу ќе ѝ одговара на внуката Ервехе, додека е со нас!“
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се восхитуваше на мислата на Мајка Тереза според која најмногу ќе се стори во светот ако секој си го љуби своето семејство.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
5 Но, тука симптоматично е тоа што тогашниот претседател на 149 велешкиот суд (Ш.Адеми) го усвои приговорот на тужениот дека миксетата, како дел од опремата, е суштински потребна за извршување на неговата работа т.е. „за понатамошно одржување на работниот минимум“, иако радиото воопшто не работеше, а немаше ни изгледи дека ќе се рестартира – па ја издвои од пописниот имот кој беше предмет за принудно извршување, иако токму оваа скапа миксета најмногу ќе му помогнеше на тужителот за неговата идна професија [всушност, тој отвори своја приватна маркетинг агенција].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Како извршно средство, поради празната и блокирана сметка на Радиото, се користеше попис и проценка на имот со заплена на движни ствари [res mobiles].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Мислам дека Allan Bloom не згрешил кога, очигледно разочаран, запишал: “Студентите можеби не ги интересираат книгите, но затоа okno.mk | Margina #32-33 [1996] 98 се најдлабоко приврзани на музиката.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Веќе во претходиот параграф е најавено дека најмногу ќе зборувам за популарната музика.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ништо не е покарактеристично за оваа генерација од нејзината зависност од музиката.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)