Со постепеното одделување на македонските интереси од бугарските, со земањето на македонското прашање во свои раце и најпосле, и најмногу со сегашново востание Организацијата како резултат го постигна тоа што не го претпоставуваше: наместо слобода да бараат, сега во Македонија мнозина се убедени дека ни треба полно пресечување на врските со сите балкански народности и култивирање на сѐ што е во Македонија оригинално и свое: јазикот, обичаите, историјата, писменоста, народната литература итн.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Противникот знаеше каде сокривме глави и ката ден не биеше со топови, минофрлачи и најмногу со авиони.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сиот дијалог со бруцошката што зборуваме најмногу со своите очи, а која сега завршуваше фармација, го тинкаше нивниот син а уште носеше и второ дете во својата утроба, веќе одамна беше завршен, и тоа на најсреќен можен начин; и сега Миха бараше нови соговорници, по истиот навик и по истата потреба како што секоја изутрина кога одеше на работа од дома си земаше бурек за појадок, една четвртинка во една а друга четвртинка во друга бурекџилница, зашто му беше срам одеднаш да побара половина пита - толку млад, симпатичен и непорочен, иако веќе не само лекар туку и доктор.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)