Тие актери и режисери, а јас најмногу сум се вдлабил во работата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
"Па, значи јас најмногу сум се дотерувала за тебе, најмил мој".
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Денес, после многу години поминати оттогаш, сфатив дека најмногу сум ги сакал „Квин“ и нивниот албум „Ноќите во операта“ и дека требало малку повеќе внимание како слушач да му посветам на Јан Андресон и неговиот „Џетро Тал“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Не, не ти се лутам тебе туку на судбината која секогаш наоѓа начин да ја спростре сенката на неизвесноста над она што ќе посакам да го допрам за да проверам колку е мое!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Му зборувам ете така, прилично горчливо, но без лутина во гласот, а тој ме гледа како првпат да го видел моето лице. И не е многу е среќен.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во мојот живот, речиси секогаш, некое делче од вистината, што најмногу сум ја посакувала, останувала скриена. Ме изморија таквите игри!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Просто кажано, Барт, откако малкунѕе подостарел, како да посакал од сериозен научник да стане вистински писател, заинтересиран предимно за можноста на литераризирањето и на автобиографското есеизирање за некои од клучните феномени на културата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Каква што е јас-те-сакам...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Признавам, од опусот на Барт најмногу сум приврзана кон неговите подоцнежни книги, оние од постструктуралистичката фаза на неговото пишување, жанровски и методолошки хибридни (како Задоволство во текстот/Lе plaisir du texte, 1973, или Светлата соба/Lа chambre claire, 1980) и белким и поради тоа апсолутно заводливи.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Кога сака мајка ми даме пофали, ќе рече дека јас најмногу сум ја заштедувал куќата во обување: не сум трошел пати за опинци и чевли.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Извини братче, но најмногу сум налутен на себе си кога ќе почувствувам дека ме напуштаат добрите манири. Тогаш ја губам контролата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)