И Оруш варџијата продолжи да добива писма од брат му Тане во кои сè така му пишуваше како и порано: дека чадот иако запрел, вулканот е подмолна ѕверка, дека тој само привидно е смирен, и ќе избувне кога луѓето најмалку ќе го очекуваат и ќе му се надеваат - но Оруш писмата не ги отвораше, туку како што ги примаше - така ги гореше.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
ФЕЗЛИЕВ: Тоа дека никогаш на никого не сум му дозволил да ме прави будала; најмалку ќе ти дозволам тебе.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Како ќе се противставиш на налетот на проклетата човечка желба да навредува, токму тогаш кога најмалку ќе ми се потребни навреди: тогаш, кога за храна ќе посакувам милосливи утешни едноставни зборови?
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
- Остави го, самиот ќе си дојде кога најмалку ќе го очекуваш.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)