Оти пајакот најчесто лежи во точката среде што ја викаме и што најмалку се гледа оти средето е скриено внатре и затоа среде се вика; лежи таму создателот, примирен, смирен, кроток, како Бог за кој времето не значи ништо и гледа, демне, слуша, секое треперење на струните на својата вселена, на нишките од мрежата ги слуша, ја слуша музиката нивна семирска!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А јас гледав во него како од ровја трештен, и сѐ ми беше јасно, и ништо не ми беше, оти кажано е: во мигот на најголема светлина најмалку се гледа, и ништо јасно не е!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- Не го кажувај ова два пати. Лудиот камен може да те сопне во мигот кога најмалку се надеваш. - ѝ одврати Виктор со својот широк насмев зад кој се криеше никулец симпатија.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во разговорите со жените, со кои носи муниција и храна и пренесува ранети, а понекогаш ѝ се случувало и да закопува убиени, најчесто се велеше: - Лошата вест сама брзо ќе стигне и ќе те удри тогаш кога најмалку се надеваш.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)