Ноќе, кога најмалку знаел што се случува со него, кога и срцето и мозокот речиси му биле под клуч на чинки, станувал од колибата зад манастирот и се шлаел со нечујност на сенка меѓу сенки без да знае каде оди и зошто.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Некој сакал да се ослободи и од последните сомневања: - Зошто ти, оче Панделиј, се вртеше како во велјасаботна ноќ околу куќата на Фиданка Кукникова ако си постел тринаесет години и ако не ти се пријало бело мевце?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се чуствував уморен од луѓето и светот од сиот простотилак и живот багажен од сите пријатели што ги имав алкохолот најмалку знаеше да лаже Неколку часа по полноќ пијан се отргнав лесно од лагите и стресот спокојно летав во вечерна тишина после напорниот калакурнички ден
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)