- Јас мислам дека најдобро ќе биде да го тужиме.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
И така викендов по дома организиравме воени вежби налик на оние СВОЗ-манифестации што на времето се одржуваа во нашата месна заедница Тафталиџе Два: Јасна ми бира кошули што најдобро ќе го одразат мојот буен режисерски талент, мојот адвокат Пол ми пишува говори што ниту за две години не би можел да ги научам, на балконот на Нено и Милена е формиран кризен штаб за заднинска поддршка, а јас визионерски шетам низ дневна замислувајќи како во блиска иднина Рихана ме преколнува за соработка.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Таа, сепак, најдобро ќе ме разбере.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Сите мислиме дека најдобро ќе се чувствуваме кога ќе ја постигнеме целта, а не сфаќаме колку е сладок патот до неа.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Засега нека ви го прочита попот, но најдобро ќе го разбереш кога сам ќе го прочиташ.”
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Го знаев теренот и знаев од која точка најдобро ќе го исцртам.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
- Но, ти најдобро ќе си се договориш со твојот лекар - ѝ рече.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
- Значи, Наде најдобро ќе помине од нас трите, за работа...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Неговиот духовен син Бен Али набргу ќе осознае дека најдобро ќе ја води земјата доколку продолжи да работи на изораната нива на бургибизмот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Потоа оној изнуден и чуден предлог или барање од неговиот некогашен пријател Јаким во врска со белезицата (во истиот оној понеделник што се трудат да му го забошотат); божем најдобро ќе било тој да го заборавел случајот бидејќи станувало збор за скапоценост на мајка ѝ на неговата секретарка Ботка а не на Баручиеви.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
По зборувањето најдобро ќе ѝ навлезеш во душата и ќе ја откриеш каква е ...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)