Така е најдобро си мислиш, вели Максим, властите ќе знаат кој го отепал и нема што да истезаваат други.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Втора слика:
Изземена и сама
со ишмукан страв се одлучувам
без предрасуди да му се обратам
нему цел живот што го имам одозгора
тоа сум јас, му велам
мојот прв израз
му давам интимен знак
со порозни простори во говорот
небото ми одговара и ги пушта на повидок
своите начичкани светлости, своите рани
зашто, обата без сон
полноќе најдобро си ја поимаме
судбината да не се допираме.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)