Чекоревме натаму кон следниот поход слушавме гласови во наша близина суровите проклетници печеа срна и дрмаа шишиња со ракии и вина
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Студено намерниците ќе погледнуваат на тебе и ќе продолжат натаму кон непознатото по овој или по оној правлив пат... што не враќа...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во осум часот и триесет минути нашите единици во реонот на селото Крчишта мора веќе да имаат создадено силни одбранбени точки со цел да биде заштитена фалангата која во попладневните часови мора да се најде во полето на селата Косинец и Лабаница, а главнината во селото Смрдеш и натаму кон Брезница - Руља - Желево каде ќе бидат пречекани и снабдени со храна и оружје од нашите тамошни единици за што - тој погледна на часовникот - веќе во ова време Кикицас верувам стигна таму и ги дава соодветните наредби...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Уште тоеја загледани натаму кон фронтот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
- Има и зошто – реков замислен, гледајќи и натаму кон синиот хоризонт, кон излезот, кон слободата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тргнавме натаму кон камбанаријата. Јас веднаш се искачив дури горе кај ѕвоното, а Јован остана долу, ја побара кутијата цигари во сините работнички пантолони и, откога ја најде, си извади цигара, зачуден од моето љубопитство.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кога ѝ обрна внимание, таа веќе насмеано го гледаше и штом тој ја забележа, таа го тргна погледот од него и отиде натаму кон касата каде што беше клапнат дебелиот човек, сигурно стопанот како што подоцна дозна Едо.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Сочувствително му ја префрли раката преку рамо и како да го придржува, го испрати до вратата каде што му се поклони на семејството на Сандра кое тргна по долгиот ходник натаму кон скалите што водеа надолу кон излезот во кој бликаше сончевината на денот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)