натаму (прил.) - остане (гл.)

Тој почувствува дека се најде на свој терен, па супериорно продолжи: - Да, мој пријателе, појавата на јазиците и натаму останува енигма за науката и лингвистите кои се поделени за нивното потекло, но генерално се прифаќа дека способноста за зборување на човекот започнува пред два милиони и двесте илјади години според генетичкиот код на Homo habilis.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Суштината на танцот со лебедите и натаму останува непроменета: заведување.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Пак била формирана комисија, но проневерата и натаму останала недокументирана.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но, и натаму останале блиски создавајќи го Македонскиот таен револуционерен комитет (МТРК) со свој устав и програма.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)