Во однос на формацискиот состав на партизаните капетанот Ламби во својот извештај истакнува: “Формациската бројна јачина беше секогаш многу нејасна и флуидна, но бројноста општо земено за време на реорганизацијата од јули па натаму беше 800 луѓе на бригада, со три баталјони на секоја бригада и три одреди на баталјон.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
И сѐ натаму беше управен разговорот, а уште повеќе молчењето.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Нивните погледи натаму беа толку желни што повеќе намамуваа да се појави нешто на повидок така што и низ двогледот предметите ги губеа своите облици станувајќи неодредлива измама.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Јас веќе влегував во вратата од куќата, а тие полутргнати, полузастанати, и натаму беа тука.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И натаму беше добра, насмеана, љубезна и мила, но некако поинаку, постудена, би рекла, подалечна беше.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Нејзината промена се чувствуваше „на ситно”, „на крупно” изгледаше незабележлива.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Таму, на ѕидот до мојот кревет, и натаму беше белегот на моето неродено дете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се наведнав на ѕидот, поминав со образот по избледената крвава трага.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Таа и натаму беше загледана во белиот ѕид, и рамномерно дишеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Реков: „Што ако тоа е автоанестезија – се умртвила себеси за да се спаси од овие крикови?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Калето и натаму беше опкружено, но немаше движење на воени единици.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но директивите на партијата и натаму беа категорични: работничката класа мора да се создаде, откако наполно ќе се дотолчи класниот непријател!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Натаму беше бришан простор, ниви и поле.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)