Децата се истркалкаа настрана од софрата и позаспаа, а невестата Митра ја крена.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Слики, сеќавања, собирам полека, тивко ги редам, настрана од сите, од сѐ...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Не беше безбедно во сој каков што беше Акиноскиот, целиот предаден на делото на Организацијата да влезе некоја којашто потекнуваше од сој како Вељаноскиот - мирни и уплашени луѓе и кои се држеа настрана од револуционерните вриења во Потковицата и во цела Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Не само интелигенцијата на сите народности, не и на мнозинството од нив, ами па и интелигенцијата на најсилната македонска народност – Словените, не сета беше застапена во комитетот: србоманската и гркоманската македонска словенска интелигенција беше настрана од комитетот, па и непријателска.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Мечката рикна погодена од куршумот, се отфрли настрана од болка, од изненаденост, спука тој уште еднаш на неа, се отфрли пак таа настрана и сјурна надолу по трапот ронејќи сѐ пред себе: камења, земја, како лавина да се урива.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Овде се држеше настрана од нивните цркви, од нивните културно-уметнички друштва, од проширените семејства кои на игранки какви што во Југославија веќе одамна немаше дури ни по селата, застанати со пиво под сликите на Гоце Делчев, бараа мажи за своите грди дебели ќерки со по две имиња и паѓаа во делириум на секоја песна што ги потсетуваше на стариот крај.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Така работите навидум се редеа, ама настрана од нив, никакво ограбрување за честа што ќе му се поврати наскоро, не можеше да биде утеха за мирот на новиот Мурат-ага.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Успеавме! - ја крена главата Денко. - Успеавме! - викна силно, радосно, па го крена девојчето и го положи на ливадата, малку настрана од стубелот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се потргна доста настрана од дирата; знаејќи дека сега тоа беше многу повеќе потребно, отколку при првата средба.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Подобро од моево му тропа! (ја поттргнува Саветка настрана од Антица и поверливо) Јас веќе говорев со него и ми вети, ако му ја дам да помине и тој во грчката партија.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Мајка ми ја чувствуваше мојата ранливост, и ја зариваше во неа својата омраза.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Останував настрана од нивниот свет и од нивните разговори во кои зборуваа за себе како за сопруги и мајки, потслушнував како гледаат кон иднината, а јас погледнував кон минатото, и ми изгледаше како со бракот и мајчинството, за кои се спремаа, да го победуваа времето, со нив тие се врзуваа со целата низа мајки до првата крв; а јас чувствував дека останувам далеку од таа низа во која се множеше крвта и во која крвта обединуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Со сивата паларија со црн ширит што започна да ја носи уште за време студиите во Цариград кај блиските по мајчина линија уште во дваесеттите години на веков, а од која не се одвојуваше до крајот на животот, со црната службеничка чанта преполна со книги, стари отомански списи, остануваше некако настрана од овие луѓе, забрзани во животот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Јас би го однесол писмово кај Иванов, тој би ме помолил да почекам одговор, таму би ме ликвидирале и ти би останал сосем настрана од сево ова и онаа работа со која јас те држам в раце не би имала такво дејство, како кога би загинал од твоја рака?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Меѓу другото, ти и самиот побара да те оставиме настрана од сева оваа работа.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Ќе се насмееш, а смеењето ти стои некаде настрана од устата, од лицето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)