- Дали насон или на јаве разденувањето мириса на ливади косени, на класје пред жнеење стежнато? Откај Езероно ниту повев ниту ветре...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
- Дали насон или на јаве од грлото стегнато заизлегува молбен крик: - Богородице, Пресветла Мајчице помогни ми домаќинот мој со чедото да го зарадувам!
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Долго те чекав, мил мој... му ги бакнува очите - да го разбуди - да ја погледне со тие очи - замижани... гласот да му го чуе - па да разбере дали е насон или на јаве.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
- Дали насон или на јаве ја слуша шепотната песна?
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Дали насон или најаве небаре накај него се префрла раката на домаќинката негова, до него легната и заслушнува шепотно потпевнување: - Долетеала пеперуга, ој љуље ој!
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)