наскоро (прил.) - треба (гл.)

Карер го помисли тоа, ги виде некои од тие пријатели на црно-белиот под среде убаво осветлената ложа, а потем се виде и себе си, исправен на нејзиниот симболичен исток, со свечената, богато декорирана престилка на мајстор слободен ѕидар, со околувратник што му ја симболизираше должноста во ложата и со бели ракавици на рацете, сѐ симболи на моралната чистота и посветеност на мајсторот масон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
За експресионизмот кој настануваше во северна и средна Германија и чиешто седиште наскоро требаше да се пресели во Берлин, беше симптоматично и следново: уметниците спонтано и од внатрешни побуди се свртеа кон оние делови на цивилизацијата коишто беа во сенка и коишто граѓаните ги презираа: патувачки актери и пејачи, работници, декласирани, несреќници, душевно болни.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Пред очите му излегоа некои од неговите пријатели што наскоро требаше да станат жртви на еден хир.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сестра ми Борка веќе беше девојка, почнаа стројници да ѝ доаѓаат и наскоро требаше да се мажи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)