насекаде (прил.) - наоколу (прил.)

Насекаде наоколу имаше телекрани.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Насекаде наоколу непозати луѓе се фрлаа на земјата, ги бакнуваа штичките со напишаните имиња, пискаа, редеа слики со рамки на гробовите.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тоа страшно што ги снајде жителите од нашиот град беше толку многу присутно насекаде наоколу... во нерасчистените урнатини, во луѓето облечени во црно, во изразите на лицата...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тогаш, ајде, си рече, нека ни бидат простени сите тие работи, и она, што го сакавме притоа: онаа чистина околу тебе сам, онаа белина на неначнатиот снег пред тебе и насекаде наоколу оној пукнат пат во утрините пред тебе. И сите други бегања.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Насекаде наоколу беше топло, а тој прошепна - Доста.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ох, каква убавина, виделина се ширеше насекаде наоколу, се топеше снегот, минејќи низ полето нешто топло како струичка влегуваше во мене, некоја чудна, убава треска ме тресеше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Насекаде наоколу беше Големата вода, се колнам, тоа беше единственото што ни остана од животот во домот. Што можевме поголемо, поубаво нешто да имаме?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ѕидот беше насекаде наоколу, ѕидот беше над сè во домот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Чинев сиот страв излегол од мене, насекаде наоколу гледав како заитала водата...
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Насекаде наоколу беше водата, проклет да бидам, Големата вода како нас да нѐ чекаше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Насекаде наоколу владееше голем утрински мир.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Да знаеш само каква темнина ќе те заплисне кога ќе ги отвориш очите а насекаде наоколу црнила.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Разгледав насекаде наоколу внимателно, тоа го правев секогаш кога бев на стража.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
На еден камен како столче се качив и го достигнав ѕвончето.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)