напред (прил.) - и (сврз.)

Го чул говорот на Сотира и, место да оди во другиот дуќан, застанал однадвор на пенџера, со мустачињата напред и со забите стегнати под поткренатите бузи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Водејќи ја мазгата, се замислувам високо, на некоја точка од пепелавото небо, и ја гледам малата копачка дружина долу: двајца мрдаат во црвеникавата дупка, еден горе подава раце напред и ги враќа назад, маската како црн гуштер тегли споро донекаде, застанува и се враќа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во таа шаховска табла 50 проценти од фигурите се пиони секогаш истурени напред и жртвувани од своите налогодавачи кои се наоѓаат позади нив и се чуваат за завршната битка.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Се случи вака: јас, за да се покажам подобар од Земанек (иако првпат седнував на мотоцикл), одеднаш притиснав на гаста, и веќе следниот миг предното тркало на мотоциклот се крена во воздух; газдата вресна, скокна, се исплаши, но ништо не се случи: јас продолжив да возам само на задното тркало без никаков проблем, и така возев неколку минути, на рамниот дел од патеката, напред и назад!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не биле сигурни, но јавачот како да дремел во седлото, се нишал олабавен напред и назад оставајќи му на коњот да одбира врвици со бавни нозе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гледајте. Од неголема чука се спуштале кон нивниот челник коњ и јавач, дебелникав човек во темномодра облека, војник или одметник, вкочанет натрапник со нејасно лице и со нејасни намери.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ИВАН: Ништо. Тероризмот не може без овие работи. (Ја повлекува напред и со шепот.) Зар ти мислиш дека јас немам очи и дека не гледам што станува и каде сме?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И,сега тој може да му одговори нему гласно и со намавнување, а потем бригадирот Језекил продолжува по разгазениот снег, со долгата пушка на повисокото рамо, додека тој во себе довикнува по него да излегува и тој понекогаш напред и да разгазува, да не го остави постојано да го цепи снегот само Претседателот, бидејќи тоа знае ѓаволски да измори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Секогаш сакаше да избрза напред и дури кога ќе се оддалечеше од оние двајца назад можеше да биде задоволен што е сам во таа неразгазена белина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ние одиме. Се рече напред и напред!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Отец Висарион одеше напред и за ништо не се противеше. Ја прејдовме мртвицата и запревме во нивата зад врбите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И си велам, ајде Јоне, со господ напред и со газот зад тебе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш наеднаш и по некоја среќа, водена од ненадејниот налет на енергија додека дрогата ми прострујува низ вените, ми текнува на моето гимнастичко минато и правам серија на ѕвезди и колути напред и назад.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се обидувам да запишам нешто но пенкалото е премногу бавно, затоа станувам и одам во круг.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Секоја буква фрла грутченца ‘кал’ врз две или три букви напред и назад.”
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Се наведна напред и поврати изобилно на подот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Држејќи се за раце, невидливи меѓу збиените тела, тие гледаа право напред и наместо очите на девојката, од гнездото од брада во Винстон тажно гледаа очите на остарениот заробеник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Внимателно ги собрав прстите напред и тие, со јаболчниците на предниот дел, формираа петтолисна детелина распослана на местото каде што започнуваше устинката со розова боја.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Од лево и од десно, од напред и од назад, се здадоа гласови Каде стигнуваат другите што се обесуваат на возовите како црни мадиња? или нас сакате да нѐ заборавите тука? да нѐ оставите со ветриштата и виулиците, со дождовите и со жештините? да нѐ оставите да нѐ смукне оваа проклета рамница како да сме изгниени мушмули?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Втасаа на една падинка. Далеку напред и назад поставија стража и седнаа да се починат.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Напред и назад ги следеа моторцикли со митралези „на готовс“.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Палаво и китно орото се залула... Трајче, понесен од партизаните и орото, чекореше напред и играше.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
2. Долниот свет Не оти сме слепци туку од што сме се одвикнале да гледаме блиску пред себе невешто се движиме со стап вперен напред и пипкаме: да не би да наидеме на змија, мудро немушта да не би да најдеме габа, солза радосница оти со години гледајќи далеку ни отапеа сетилата за светот тукашен па само некоја разорена и во мислите насетена ко привидение, стварност се тетерави без престан и бдее од страв да не исчезне ако се успие!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тој ја затресе својата побелена глава напред и назад.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Николче, едно време, истрча напред и ја фати Трајанка за рака: - Слушај, ама како ќе му речеш?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тоа што имаш криви нозе и дека малку си свиткан напред и шијата ти е втисната во широките раменици, многу не се гледа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И тогаш грмна еден рафал напред и еден смок блесна и се испружи испокинат на патот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го затегнувам затворачот, ја враќам рачката напред и реденикот тргна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Излегувам напред и сега јас го отворам патот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)