напред (прил.) - во (предл.)

Првите композиции на Џон Кејџ, Шест кратки инвенции, Соната за два гласа и Соната за кларинет (сите од 1933), напоредно со разработката на 25-тонскиот систем, демонстрираат критичко испитување на традицијата со користење на етаблираните музички форми: инвенциите, настанати во барокот, и сонатите, круна на архитектонскиот принцип на изградба на музичкиот облик од класицизмот до современите нео-класични тенденции, што претставува погоден медиј за негирање и иронија на неприкосновените ремек-дела од минатото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Експерименталната музика не беше ниту школа - во онаа смисла во која тоа беше европската авангарда во Дармштад - таа претставуваше единствена духовна атмосфера, креативна ситуација погодна за заедничка работа John Cage на различни творечки индивидуалности во која никој не беше предводник или идеен водач, иако Кејџ (најстар помеѓу нив) од самиот почеток се истакнуваше со ширината на погледот и разнообразноста на аспектите присутни во неговата работа и мислење.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во историјата на модерната музика Кејџ делува како катализатор на спротивности кој оди напред во скокови овозможувајќи им на другите да одат чекор по чекор.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
— Ни глас да не слушна оти тргам — се провикна Толе и им нареди: — Сете напред во одајата, ако ви е мил животот! — искомандува и ги потера пред него по широкиот чардак.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Неколку зборови за македонскиот литературен јазик Во четирите горни статии во оваа книга јас сакав да им ги обрнам погледите на моите сонародници на нуждата од едно корено изменување на досегашниот процес на нашиот духовен развиток, како и на тоа дека моите погледи во тој случај не се нешто ново и безосновно, а се само чекор напред во досегашното развивање на нашето национално самосознание и дека затоа се сосем природни и основани.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Идеалот поставен од Партијата беше нешто огромно, страшно и блескаво - свет од челик и бетон, свет на монструозни машини и на застрашувачки оружја - нација на воини и фанатици, кои маршираат напред во совршено единство, сите мислејќи исти мисли и извикувајќи исти слогани, постојано работејќи, борејќи се, триумфирајќи, извршувајќи казни - триста милиони луѓе сите со исто лице.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Татко бил некаде назад или напред во потрага по сигурен пристан на семејството.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ние употребуваме биполарни конструкти за да ги претставиме забележаните сличности и разлики меѓу настаните, и потоа да ги организираме овие репрезентации во кохерентни облици или „контексти” во чии рамки ние ќе бидеме во состојба да откриваме теми кои се повторуваат во нашето искуство со текот на времето, и потоа да ги испратиме овие репрезентации напред во форма на очекувања на идните настани.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
„Мислев дека ќе се вразумиш, но ти си веќе луда”, ѝ велеше Стево Трајчов на Цвета, поднаместувајќи си го задникот на фотелјата нанапред за да ѝ го даде тоа што таа го очекуваше, клекната на коленици со широко вперени очи во него, со очи поголеми од нејзиното ситно, пегаво лице испупчено напред во чпрто носе и со танки развлечени усни од кои по страните секогаш, додека му зборуваше, се подаваа облачиња со кисел вкус.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ја „гледале“ Македонија автономна, во која е укината султанската тиранија, а до вчера понижениот и угнетуван народ - како смело чекори напред во слобода и прогрес!
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Јунак до јунак, момчаци рој... Кревајте буна! Напред во бој!
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
По ова загосподари тишина.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Но кога љубопитно поткрена глава, виде дека очите на светлокосиот се широко растворени и управени напред во светлото летно небо.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Набргу, сепак тие се растурија по голината на една длабока долина и Змејко уште веднаш ја изнајде напред во снегот затрупаната врата на шумската пилана.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А сега снегот воопшто не врнеше и Змејко можеше многу добро да си го замислува тој грамаден сам крмак, тоа ѕвере со по два заба, вкопани напред во белината, со една огромна снага, по чии скокови земјата сета татне, како се пробива во мугрите низ неговата долина, споро, плавно и без скршнување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се сеќавам дека сосема сосема тихо забележав: -Можеби навистина требаше да се придржувам на желбите на мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не ја препознав ни жената која заедно со фустанот како да го имаше заземено најголемиот дел од попречната штица напред во колата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Пронаоѓањето на старотосемитското консонантно-силабичко писмо низа истражувачи го сметаат за резултат на творештвото на генијален поединец, но, во решавањето на прашањето за генезата на старосемитскиот систем на писмо треба да се имаат предвид и можностите за влијание отстрана, особено од страна на египетскиот хиероглифски систем на писмо, кој како писмо од комбиниран тип, во себе освен другите ги содржи и графичките симболи со единично консонантно значење.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во типологијата на писмото воопшто консонантно-силабичкиот систем на писмо се појавува како чекор напред во споредба со силабичките системи на писмо, или уште повеќе, со силабо-логографските системи на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Господи!“ „Да, напред во негово име.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)