Напати ќе рипнам и целата ќе легнам, ќе ја потпрам вратата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Напати ќе се избезумам и ми идат мртовци на сон.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Напати ќе чујам глас што ми вели да бегам, но јас не можам, отсечени ми се нозете.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Напати ќе ми се појави некое светло, ќе се извре некаде далеку од земјата и одново ќе пропадне в земја.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Само напати ќе им светнат рамената и слабините, колковите и мевот со прелапнати тутки влакна меѓу ципите...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Напати ќе земе да се удира по раце и рацете ќе си ги крие во џебовите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Напати ќе ја прекинат песната и ќе речат: — Можеби не чини пред толку мртви да пееме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Напати ќе ми се стркала од јазикот и по некоја навреда.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Напати ќе додадеше: „Ти порасна а јас почнав да се прашувам: каде исчезнало од собата моето дете? Затоа и оставам гласот да прошета. Некој за да ми се одѕве!“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А во себе си велам: зборовите што ги употребив беа толку добронамерни и од најслатките.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Партискиот секретар стануваше сѐ позагрижен поради овие барања, дури некој спомна на еден состанок, и оставка, а и тој самиот напати ќе си помислеше да си замине од функцијата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Напати ќе им довикне нешто, ќе ги замоли за мала услуга, ќе им подели совет.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Вистина, напати ќе го погледне со очите, ама пак убаво не го гледа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Лапајцата си врне, се сменува. Напати ќе удри повеќе на дожд, напати повеќе на снег.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Само напати ќе дувне некое ветерче ќе одлета некоја чавка, ќе испишти некоја сојка и ќе ги истресе капките од голите гранки на дрвото.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)