напамет (прил.) - ги (зам.)

За цела недела напамет ги знаеше неговите смени.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Стојна Стојановска Немам обичај еднаш прочитана книга да ја читам повторно, тоа се случило само двапати, и тоа книги од класици како Толстој и Д.Х.Лоренс, и тоа да видам од голема временска дистанца дали исто ќе ги доживеам и сфатам, ама, откако се појавија Скопски приказни и ја открив Рада, постојано и постојано ги препрочитувам нејзините приказни и можеби веќе и напамет ги знам и секогаш длабоко допираат до мене и, додека со нетрпение чекам да се појави нова приказна, ги читам старите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Да видиш како тој ги имитира пејачите, да умреш од смеа, како нив да ги гледаш и да ги слушаш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сите напамет ги знаеме да ги пееме со Саше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Другата недела ми остави две книги. Од крај до крај ги читам, речиси напамет ги учам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Целото доживување беше како на богослужба – или на некој егзотичен верски обред што ми е понепознат од христијанската литургија – каде што сите, освен јас, напамет ги знаат правилните одговори.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Стрикото Лентен напамет ги знаеше сите села и избројуваше еден милион непознати краишта.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ги знае, и таа напамет ги знае сите тие мили текстови, посакува да замижи, да ја следи изведбата како чудесен сон.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)