Еден ден, таму некаде во добрите стари времиња кога имав девет години а светот беше полн величествености од секаков вид што може да се замислат и животот сè уште беше прекрасен и таинствен сон, братучед ми Мурад, кого го сметаа за глупав сите што го знаеја, освен јас, дојде во мојата куќа во четири часот изутрина и ме разбуди со тропање на прозорецот од мојата соба. –Арам, – рече тој.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Се чинеше пожари, сѐ наоколу се топи.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Наоколу се мотаат продавачи на значки и на кокарди. Сонце, насмевки, благосостојба, свеченост.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Наоколу се ширела миризбата на јасминовите бело-синкасти цутови. Се насетувала близината на рајскиот предел.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И сѐ наоколу се усвитува: и куќите и дрвјата и воздухот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Наоколу се очекориле кашличави луѓе, ги јавнале печките.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)