наоколу (прил.) - нема (гл.)

Често кога ќе повлечеа малку повеќе, старците ќе се закачеа, ќе се заинатеа за нешто безначајно, па се случуваше и да се скараат, а потоа со недели да се одбегнуваат, иако чувствуваа потреба да се сретнат, зашто на десетина километри наоколу немаше жива душа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Наоколу нема ни станица, ни дрво, ништо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Никаде наоколу немаше ни жива душа, не се помрднуваше ниту еден лист, не се слушаше ни глас на птица.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Наоколу немаше телекрани, но сигурно имаше скриени микрофони; освен тоа, можеа да бидат видени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)