нанапред (прил.) - и (сврз.)

Со грбот на ѕидот, едната рака како да е подадена на кај моето чело, другата ѝ е во скутот, а главата - нанапред и надолу.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Мустафа ефенди е оварда кога се работи за наши пари, вели Максим и ја преместува тутуката од десната во левата рака; првин полека, претпазливо, ги симнува панделките од неа, потоа се навалува нанапред и со лицето на дланката на десната рака ја чисти, небаре ја мазни, тревата пред себе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш пак се замешува Максим, се навалува нанапред и зема да им објаснува: Ова е, вели, црквата со гробиштата на Рамник на Горник и вели.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)