налутено (прил.) - рече (гл.)

Чуден човек си ти, бре Аргир. Уште глава не навалена, веднаш заспиваш и хрчиш.... –налутено рече Јани.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Драган од ова многу се навреди, па налутено рече: - Ќе му покажам јас на тој мачор! Коските ќе му ги искршам!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ајде сега трчаница дома, а попладне да се видиме на старото место во паркчето.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
ПРВАТА ЦИГАРА
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Не!“ налутено рече мама.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Каде си? Од кога те барам! - налутено рече Трајче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Не, налутено рече дедо Геро и некои други селани од комитетот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но сонцето, кое од небото гледаше што се случи со стариот даб, налутено рече: - Штом не сакаш да пееш и не ги почитуваш старите, не ти давам да им се радуваш на моите зраци! - и се скри зад еден облак.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)