Попот зовре уште толку и престана веќе да оди кај Рожденката да и крсти вода, од инает не побара кутол на Митровден и сите поскури што ги носеше Нешка в црква ги враќаше назад или му ги даваше на крмникот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Реков, дека е претесен хотелскиот простор и се случувало групи туристи од нашата земја, кои не обезбедиле престој во хотелите, да се вратат назад или да се сместат во некој друг полски град.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Татко бил некаде назад или напред во потрага по сигурен пристан на семејството.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Секогаш кога ќе нè пуштеа од уилиштето трчав да ја видам, да не се попишманил Господ, па да ја врати назад или да му ја даде на некој друг.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Избезумени, тие што беа на него се обидоа да се вратат назад или напред да скокнат на сушата, но тоа беше доцна, та заедно со него падна во виорот и бучната вода и ги понесе надолу, не слушајќи ги нивните молби, клетви и пцости на адреса на сите ѓаури.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)