назад (прил.) - нема (гл.)

Враќање назад немаше и не можеше да има.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ти си расфрлан на сите страни. Враќање назад нема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Обиди се, погледни со моите очи кон себе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Знаеше дека враќање назад нема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Враќање назад нема. Ќе ја празнувам поезијата со проза, така требало да биде.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Коцката е фрлена, назад нема каде.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Утре, дај Боже здравје, одење в град и назад нема да се вратам од овие тешки лакрдии што ми ги рече стариот, да знам оти за вистина клетвата негова ќе ме фати; пиле да се сторам, бело море и црно да прелетам, ама уште еднаш при татка не дојдувам.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Оти последен нивниот вагон, назад нема ништо друго освен безброј шини што се собираат таму на крајот само во две, а ваму, нагоре, на кај главата на возот, луѓето веќе се раздвижиле и ги растоваруваат бовчите, вреќите и другите нешта што ги напикале во вагоните.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Влегов во играта и враќање назад нема!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)