наеднаш (прил.) - нешто (зам.)

Но наеднаш нешто ми се завалка, ми се препречи и ми застана овде под гушава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наеднаш нешто ми ги затвора очите, некои дебели прсти ми го покрија лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наеднаш нешто ме возбуди и ме расцепи во градиве: на вратата се покажа жена му на клисарот со босилок и јаболка в рака.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
12. Наеднаш нешто ме запре, ми ги одзеде нозете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И наеднаш нешто забучи, се скина народот ко вода, почна да се урева.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си ги замазнувам кркмите што ми паѓаат на челото и наеднаш нешто ми се преметнува во огледалото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)