Од нив сега наеднаш беше исчезнато сѐ друго, беше еден судбински миг кога беа само со овој човек пред себе и тоа беше едно такво чувство, цело, како јаболко, а беше и некаква измореност, која израснува во задоволство.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во него се таеше нешто што предизвикуваше сожалување, така што еден млад човек, тукушто вработен, наеднаш беше застанал небаре пронижен и оттогаш сè како да се беше изменило пред него и како да се покажало со друго лице.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И сето тоа сега наеднаш беше сосема будно во неговите мускули и Змејко сега немаше ништо, што би му спротивставил на оној напен во неговото тело и истрча.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сега наеднаш беа застанати сите, застанувањето беше како еден единствен грч во целата нивна низа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Како да заборави да одречува, толку наеднаш беше понесен од верувањето дека работите ќе појдат на добро.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Едно малечко биволче, еден ненаситник, еден вечно гладен, наеднаш беше ти осетил како нешто го дави во грлото.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
О, каква вода, каква голема вода зашуме во нашиот глув дом, нашиот несреќен живот наеднаш беше среќен, друг. Цел.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)