Се смирија пушките. Бимбашијата нареди и буријата засвире кај црквичето; го повика аскерот на збор.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Брниклијата ја виде клопката и летна надолу низ аскерот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Тој е, кој ќе биде друг. Толе со дружината — објасни останатиот селанец, Стојан Мегленецот, и испратија двајца од аскерите да сторат абер во Витолиште на мулазимот и мудурот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
За миг аскерите прснаа да бегаат надолу низ папратта, оставајќи го онбашијата, Трајка, Ташка и еден војник да клоцаат и да се валкаат во тињата под чешмичето, да стенкаат со забите, сега тие, како преѓеска Јован.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тогаш се одлеа целата маса народ, како да истече со водата надолу низ долината.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Голема карпа извишена крај езерото: одблизу: бигорлива, издупчена, шуплива; обрастена со ползавци, повит бршлен, драчки и со разни корења испреплетени меѓу себе како човечки жили, кои цврсто се стегаат, се чипчат за каменот ширејќи се и освојувајќи го просторот толку колку што главниот корен успева да се пробие надолу низ тесните пукнатини на карпата, запирајќи го често своето растење и напредување како човек вклештен од неволи и болест; остри тревки како влакна од коњски опашки, се нишаат на ветерот и се стегаат за каменот да не се откинат; а долу во подножјето, каде што езерото плиска и се пика во карпата како јазик во шуплив заб, се нафатиле лишаи, мов, граорчиња, диви лозинки, пршличиња, змиско грозје, василичарки и разни кусовечни тревки и билки што живеат од денес до утре шетајќи со корењата по влажниот камен и цицајќи ја водата што ја стрка езерото.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- Се симна надолу низ скалите и тргна по уличката.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Го виде како дотрча до мостот, преку мостот и надолу низ ливадите, додека навистина не го изгуби од видот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Станаа... Го натоварија коњчето и тргнаа надолу низ буките...
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Водата стрмно паѓаше надолу низ буките од воденицата, силно удираше на воденичното колце, го вртеше и тоа ги тераше воденичките камења.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Тројцата партизани, облечени во германска униформа, со шмајзери во рацете, се спуштија надолу низ буковата корија кон друмот.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
И се драскам надолу низ шумата. Го кинам газот и колената, се тркалам ко откорнат трад. 64
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сѐ така ми гледа штуро по него, како го водат надолу низ полето, подлокано и празно.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Над Живојно им беше пунктот и - ајде, ајде, надолу низ калта, низ полето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)