надвор (прил.) - ќе (чест.)

Тие нас надвор ќе нè истераа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога џагорот надвор ќе стивнеше, тој слушаше понекогаш звуци што не постоеја. Тие се само знаци на одамнината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ќе ја успиев, вели. - Ќе те успие таа тебе, велат жените, со јазикот надвор ќе те успие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мене очиве ми капат од срам. Не знам кај да гледам. А и нему очите не му се за гледање. Му излегле ко пукала, надвор ќе му испаднат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се буниш што луѓето се затворени, а ако ги пуштиме надвор ќе се задушат.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)