надвор (прил.) - веќе (прил.)

Надвор веќе се разденуваше. Лаежот на селските кучиња ги собуди галебите, коишто во јата исплашено излетаа и запорија низ езерниот ефир.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога за момент го тргна погледот од папирусот, сфати дека надвор веќе паднала ноќ.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тој не ни видел дека се стемнило оти право пред него беше полната месечина, влегуваше низ тесното прозорче и со некој отсјај на наврнатиот снег, кој само го насетуваше овде во собава, некако пригушено, а сепак јасно му ги осветлуваше зборовите што ги напишал.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Бојан го запрета убаво жарот, си го закопча палтото, ја крена јаката, зашто завивањето на ветрот во оџакот стануваше се посилно, што значеше дека надвор веќе не е пријатно за шетање, ја зеде секирата што беше закачена на еден клин во тремот и излезе надвор.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Надвор веќе беше квечерина. На гранките од дрвјата полека се палеа ѕвездите, а месечината лежерно се смешкаше во позадина.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
а надвор веќе почнуваат да паѓаат снегулки, ветрот само ги врти во воздухот, ги пушта и ги втасува, одново ги завраќа назад, си игра шукшуле, што се вели, ги развева како цут од дрвја што се кубат, кој ќе пушти глас, ќе го наполни морето, ни викаат и бродот застанува, а ние молчиме ко глувци во дупка, ги слушаме само чекорите озгора, одат над нас небаре на глава да ни газат, и бродот одново тргна, сега можете и да пеете, ни велат, кај се пеело пикнат в дупка, си велиме, отсекаде бучи клокоти, и гледаме надвор, снегот си навева и се топи, се губи во водата, ако запреме во Костанца, ќе нѐ водат во Букурешт, си велиме и приѕираме во ширината што ни ја затвора снегот, и Костанца ја изминуваме, нѐ водат право за СССР, не ни заспала среќата на сите, вели Апостол Макаровски, сите со нечија среќа се шверцуваме, вели, ќе му украдеме уште некој ден на господ, и почнува некој студ да ни влегува низ процепите од бродот што се отвора однадвор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Лулашки
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Надвор веќе почна да се стемнува.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Надвор веќе падна мрак.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Надвор веќе се стемнуваше... Евто ја затвори вратата и рече: - Имаме покрив над главата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Надвор веќе почнува да паѓа снег. Нешто како лапавица. Снег и дожд заедно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Надвор веќе побелува земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)