надвор (прил.) - врне (гл.)

Дома за Циљка пред сѐ беа баба и дедо и помалите сестрички и братчето, кон кои беше така приврзана, како водата кон брегот и како птиците кон небото, а кои, ете, скоро година дена ги нема видено; дома беше и огништето, кое најмногу го сакаше тогаш, кога надвор врнеше снег со големи партали или кога завиваше северњакот зад прозорецот, а во спузата се печеа костени и компири и во поллуосветлената одаја единствено се спушаше прскањето на искрите и тивкиот глас на дедо кој им раскажуваше приказни и тие, внучињата загледани во него, едно подруго заспиваа со убавите самовили и со лошите змејови под клепките.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Надвор врне, студено е.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Надвор врнеше снег. Ноќта беше студена, широката улица, - прелеана со мека дијамантска светлина, - пуста.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Што ли прави таа? О, боли...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Он заканувачки ги погледнува при излегувањето.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Надвор врне ситен невротичен дожд.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога излегоа, надвор врнеше и беше посвежо.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Надвор врни. Истура. Испразни ја чашата. Испиј или истури.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Надвор врнеше дожд со ветер кој удираше по џамовите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Нормално, не може да се сети, крвта му удира в глава и тој се поти од нервоза, додека надвор врне, а тој воден, како покиснат глушец, пребарува по подот на телефонската кабина.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кога се ракуваат, нејзината дланка е студ студена.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Дури, еднаш, на коридорот, еден мој другар ме прашуваше како сме си поминале на тренингот и дали навистина можам пет минути да возам на едно тркало; Луција стоеше само на метар од нас, сама, замислена, и гледаше низ прозорецот; надвор врнеше, таа гледаше во дождот, а долгата, црна коса, собрана во опашка ѝ паѓаше по грбот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
ДАСКАЛОВ
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа утро, кога првпат разговаравме за трагите што никогаш не можеш да ги забележиш овде, под Сина Скала, надвор врнеше дожд, јас не отидов на училиште, а денот беше сосема беззначаен бидејќи сиот беше собран во една парталава сива облека; потсетуваше на изнемоштен изѕемнат бедник; стоеше под стреата и тоа пред самиот прозорец.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Надвор врне дожд и прозорците се влажни.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Меѓу предните заби ми се заглавија конци месо, а неколку ковчиња од крилцето ми се раштракаа низ устата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
80" И поради тоа доцни, затоа што тој отишол да купи, надвор врне, затоа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Отидов во мојата соба. Легнав на креветот, мислев на брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Надвор врнеше. Капките дожд удираа силно по прозорецот, звукот што го правеа удираше по нашите зборови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Една вечер додека надвор врнеше, во една соба, покрај распаленото ќумбе, неколцина партизани шиеја знамиња.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Речи обично - по веќе определен ред, веќе видено, познато... редење на столчиња во холот, а тоа значи дека откако ќе заврши приредбата - враќање во училиште... мораше така, немаше друг излез... како наводенети врапчиња се прибравме во холот... а надвор врне, со студен ветер, небаре секој миг ќе заснежи...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Да влезеше во тој момент некој намерник во келијата сигурно ќе му го поставеше она судбинско прашање: нели надвор врне дожд?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А надвор врне. Веројатно надвор врне.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се враќам попарена. Надвор врне снег, треба оган да се завали.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа беше песничката на Маргот, песничката што ја прочита со спокоен глас во тивката училница, додека надвор врнеше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)