Надвор беше веќе арно смрачено. Низ џамлак слабата светлина се излеваше на улица и водата в бразда светкаше.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Кочо плати и излезе. Надвор беше темничиште. Тој тргна по џаде, шлапајќи низ локвите.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Надвор беше сѐ бело, прекрасно.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Навистина надвор беше студено, тивко и мрачно но никаква миризма на снег не се чувствуваше.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Надвор беше сач. Августовското сонце беше во својот зенит и сипеше жар од небото.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Високиот снег надвор беше стврднат како чкор, а месечината така блештеше врз него што се гледаше сета нечистотија со која белината беше испрскана во деновите додека нов снег не паѓаше, а стариот не се топеше.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Таа, нервозно гледајќи низ ходникот, забрзано ги менуваше волнените со чорапи со подвезици (надвор беше кочан ладно), го подмести кожниот корсет вешто скриен под облеката, ја натна маската и конечно влезе.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Во убаво јадење, пиење и раскажување на игуменот, времетто бргу помина и надвор беше веќе стемнето.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ја зедов машината за пишување и почнав, истрпнувајќи во снагата од некој студ што доаѓаше не однадвор, зашто надвор беше врело лето, туку одвнатре.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И надвор беше исто. Секое нешто што раснеше, раснеше, затоа што Кети го избрала тоа место за него.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Надвор беше добар, внатре бесен и зол; надвор справедлив и трпелив, внатре подготвен за ѕверства.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Сега Претседателот легнуваше. Ноќта надвор беше празно глува.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Надвор беше студено и месечината светеше. По небото пловеа облаци.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
За разлика од виното по бочвите, ова беше извадено од ладилник и сега се потеше на масата, а се потевме и ние мешајќи го со киселата вода, иако надвор беше веќе паднат ноќниот планиски студ.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Надвор беше многу живо и сите брзаа кон училиштето.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
А надвор беше чудно убаво. Дрвјата стоеја неми, побелени.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
А таму надвор беше вечната зима — голема, тешка винска преса што го смачкува безбојниот покрив на небото, го смачкува како грозје, цедејќи боја и смисла и сушност од секого и ги варди децата што на скии и санки полетуваат преку стаклестите брда кои го одразуваат тешкиот железен штит надвиснат над градот, секој ден и секоја ноќ.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)