Реков веќе, сега, утрово, испишувам низи од зборови, цели редови и, повремено, како кога нагло ќе се испие доволно голтки вода од стомне, прекинувам со издишување и, во паузата, ги гледам пак јасиките како се нишаат спроти голиот рид подалеку во позадината, сега осветлени од повисоко, со една жолтосивкаста аура околу врвовите.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Бил Девит беше навикнат на ексцентричното однесување на Даниел, за да се почувствува навреден кога Даниел нагло ќе го завршеше разговорот и ќе се упатеше накај канцелариската барака.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)