Се разбира, тој и маказарчани немаа ништо против да се изгради водовод, но дали веруваа дека тоа навистина ќе се случи или не, не можев да проценам.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Од цртежов може да се види дека татко ми е една таква суета од човек, што ако му речеш дека нешто не прави како што треба, навистина ќе направи сѐ како што не треба, за да докаже дека можело и полошо да биде.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Ја пуштивме да си оди, несвесни дека таа навистина ќе го направи тоа.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Сепак, постои стравот од она што иде и што му се заканува на Ренџов дека навистина ќе дојде оној ден кога и првата песна ќе биде последна и последната песна ќе биде прва.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Самиот Ботичели, пак, знае дека е доцна, дека ќе дојде фајронт и сè навистина ќе побара.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Таму да му играат чочеци и на крајот од играта да му го заблажат пофтежот со баклави и кадаиф.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Тој знаеше дека Грабула добро ќе плати за оваа „ситна" работа, бидејќи тие беа стари муштерии, но се изненади кога слушна дека бараната мариовка навистина ќе бара пашапорт.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Нејзината мисла ја однесе далеку од Полчишта, далеку од Мариово, далеку од цела Македонија, во слободната Бугарија, каде што нема Турци да го бркаат нејзиниот Толе; каде што нема да го дели ни со какво црно Кате и други мариовки; каде што ќе го прегрнува и бакнува само таа и каде навистина ќе живее со него како пашица во убави сараи, со алајќи по неа сред цветните градини од сарајот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Зар навистина ќе го остави Аргир?
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ако сте спремни привремено да ја загубите главата, тогаш навистина ќе уживате во прекрасните и необични глетки и бои.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тоа е така затоа што едноставно толку сте отворени за сугестии кога сте на ЛСД, што да ви кажат дека чоколадните бисквити можат да ви помогнат да ја контролирате дрогата, вие ќе поверувате и навистина ќе ви успее.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тој навистина ќе се снајде, заклучив.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Утрото, додека заедно со Иван слегуваме кон Бањи дружев со тоа смешно и по малку чудно чувство, дека уште сум во расправа со љубовните згоди што минатата ноќ сосема непотребно ме одалечуваа од сонот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во секој случај и јас но и тој стоиме пред многу нејаснотии.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А нели, и од пресушен бунар не е исцрпена сета надеж!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Навистина ќе треба да ја посетам, и тоа само уште еднаш, за да утврдам дали до крај ја имам исцрпено од себе си.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А потоа, и неговата додатна дилема што мене ме развеселува а него, веројатно дефинитивно го дотепува; она сладникаво но и горчливо прашање, што самиот тој со тивок глас си го поставува: „Дали навистина ќе ја довршам со успех задачава, и како ќе ме наградат ако ги совладам безвредните тешкотии?“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А изгледа јас сум несреќникот што ги умножува?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- А утре навистина ќе отпатувам негде.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Исчекувањето беше идеал, како и невиноста; дури и кога љубовта, потајна, каква што налагаше времето, ќе се родеше – требаше да се оствари тој идеал на чекањето, да се страда во тоа исчекување и во стравот дали соединувањето на двете души и двете тела навистина ќе се случи и, како во некоја религиозна приказна, тоа страдање беше искупување по кое како награда требаше да следи вечна љубов, онаа која ќе трае и по смртта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И сега гледав во оваа Амалија која немаше ништо заедничко со онаа Амалија, немоќта на оваа жена која умираше ме потсетуваше на мојата некогашна немоќ, а јас не сакав, или не можев, во себе да го разбудам ѕверството кое во себе некогаш го имаше таа и со кое ме тераше да тонам сѐ подлабоко и подлабоко, ѕверството со кое – ако го разбудев во себе - навистина ќе бев нејзина ќерка не само по крв, ѕверството кое требаше да ја натера да страда заради сопственото ѕверство, моето ѕверство кое требаше да ужива во нејзиното очајно каење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Една девојка, чие име не го знаев, ги размрдуваше рамената и замавнуваше со рацете како со крила, и гледаше некаде кон покривот на болницата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Навистина ќе ме пуштат,“ и тоа го повторуваше како некоја утеха – како кога дете повторува некоја лага не за да поверува во неа по постојаното повторување, туку за да не мисли на вистината. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Затоа и оној кон кого беше упатена љубовта од оној кој љубеше беше воздигнуван како небесно суштество, а така се потиснуваше во себе она што беше сметано за животинско.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Гледав во неа, и таа гледаше во мене; молчевме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
29. Може да не е уште јасно оти ако се задоволат сакањата на комитетот, Македонија и навистина ќе се направи бугарска?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
А нему раката на гитарата му се стресе од страв оти тогаш за првпат сфати дека навистина ќе го загуби пријателот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Морам, оти полека умирам во себе, и кога еден ден навистина ќе умрам, нема ни да почувствувам, оти одамна веќе јас нема да бидам јас, и некоја жена со која ќе одберам да се будам секое утро, веќе одамна нема да ја гледам како жена, ниту пак таа ќе може да ме спаси од тоа долгогодишно згаснување...“
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
- Се тресе, тажно рекол со руменило срам на лицето еден од каменоделците.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„И апеш. Сега кажи ни кога навистина ќе се обесиш.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Тревки фалиш, винце локаш“, жолчно рече Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А вие, гледам, навистина ќе му ја палите облеката на оној горе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Стар е, душата навистина ќе му џбурне од помодренион нос.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Навистина ќе го убијам“, сакав некако да кажам дека Арсо Арнаутче го убил првиот ден на мојата пролет.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Мал си. Наведни ја главата и молчи.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Му ја зеде пушката на заспаниов Борис Калпак и ја напика в слама.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
ФЕЗЛИЕВ: Добро. Се гледа дека навистина ќе треба да почнам со читањето.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Вели Лазор и потпирајќи се на раце се поткрева од земја, но веднаш потоа присетувајќи се дека дали навистина ќе му биде простено зависи од тоа дали тој ќе ги послуша Максима и Костадина, одново се отпушта на земја и сиот очаен вели А кај ќе го најдам јас Хаџи Ташку за да барам прошка од него?
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Онаква каква навистина ќе беше мојата ќерка ако не ја подгониле во некој логор, меѓу жици и пци. Ми доаѓа да се пошегувам сурово.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Бледа е. И скромна. Онаква каква навистина ќе беше мојата ќерка ако не ја подгониле во некој логор, меѓу жици и пци.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Кога навистина ќе навлезеш во суштината на релативноста на нештата, ќе знаеш што можеш да очекуваш.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Можеби е привремено позајмена, за да дојде моментот да ја заменам, со онаа што навистина ќе биде моја.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Ме уби веста за мојата смрт, Јано, завиткај се в бело и дојди да се смееш над мојот весел труп, и пишуваше в полусон, колнејќи се кога ќе се разбудеше дека утре навистина ќе и прати писмо.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тоа можеби и не е сосем така откако човек навистина ќе им падне в раце.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не сакав тогаш да посветувам внимание на твоите зборови, не сакав да поверувам дека навистина ќе биде така. 22.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
На моменти се прашував дали навистина ќе успеам да ја напишам книгата и дали е добро тоа што дотогаш го имав напишано.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Сега се убеди дека навистина ќе го однесат некаде далеку од каде што нема жив да се врати. – Што ли прават сите тие? – се праша и сам си одговори: – Плачат, што има да прават друго – и почна да рони солзи низ жолтите образи.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Кадијата чкртна со забите и му се заколна во големиот Алах дека ако го фати навистина ќе го дере и пече...
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И ако се согласите да ја свршиме, ви ветувам дека навистина ќе ве правам бегови на тоа Мариово. – Да чуеме, кади ефенди. – Да чуете, да чуете.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И тоа ако го погубат душманите, навистина ќе се угаси Сирмевото огниште.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
На некои од нив навистина ќе им припадне иднината.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Таман го досекол, Митра, како мало дете, рипна од столчето и ѝ вели на Доста: — „најстина ќе го печа дробот од петелот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Па ја смируваше пред да излезе, оставајќи ја грижата варилцето да го зготви што почеревишно - небаре како залог дека навистина ќе се врати.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Оваа теоретска претпоставка, изразена во многу форми, ќе се наметне како една константа во уметноста на овој век, кој навистина ќе се дефинира како искуство на самиот живот.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Дишењето му е толку тивко што само затворените очи ѝ зборуваат дека тој всушност спие; оној ден кога навистина ќе го најде мртов, претпоставува, очите ќе му бидат отворени.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Потоа, се сеќавам, бев во редакцијата и, се разбира, кај Иле Битолчанчето!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Во тоа долго надмудрување ќе ги сослушам па дури и ќе ги прифатам сите нејзини непотполни дури и нејасни причини и притоа ќе останам мирен но отсутен.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Навистина ќе го сториш тоа? - го погледнав изненаден, дури и исплашен.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- А кажи ми ти некоја добра причина за да го премолчам она што веќе го сториле, и притоа и до сега се казнувани за своите постапки.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ќе прашувам, навистина ќе прашувам, иако нејзините објаснувања проследени со неочекувани алузии можат да сепнат, умеат да изненадат, и често, најчесто, пронаѓаат пат за да изнудат согласност.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Зарем некој навистина ќе се трудеше, па нека е тоа и Господ, најнапред да нè измислува и да нè обликува за многу работи но и за водење љубов, а потоа, заборавајќи го својот труд а можеби и намерите, да не осудува поради игрите што ги спомнуваш?“
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Шармот на невидливото ќе го опседне
и тука навистина ќе наликува на тебе;
ќе пребарува по писмата, песните, интервјуата
ќе разговара со современиците, преживеаните
ќе ги препрочитува нивните мемоари
и дневници
ќе гази по рабовите
ќе се загледува
де на лево - де на десно
одржувајќи рамнотежа
за да стигне до крајот
со непрестан зазор да не би да падне
некаде на полпат
како тебе.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Дали навистина ќе се случи она што се чини дека не може да се спречи да биде - отрови, помори, бомби, радијација, болести, или судбина полоша од смртта?
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Неговиот краен проект беше да состави таписерија што ќе ги покрие сосема ѕидовите...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Што беше проблемот?
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Не му фалеше уште многу веќе...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
„Да се концентрирам малку, шприцнувајќи еден сноп и запалувајќи ја книгава?! - се двоуми мошне кратко, Призрак, а буквите веќе летаат по отворените светлински патеки, заминуваат токму со оној ритам со кој Месечината се гасне, оставајќи му го просторот на Витгенштајновото Сонце...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Така што: Низ решеткастите прозорчиња на замокот-музеј навистина ќе се пробијат милијарди дисциплинирани честички од Месечината, чудно пробивајќи го Призрак и паѓајќи врз книгата, токму како на буквите конечно да им подготвуваат патека да заминат, да се вратат одкаде дошле...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Дека ќе побегнам можеби веднаш... намерно за да се вратам да го столчам... и дека тој пат тогаш навистина ќе го докрајчам...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
- Многу ти благодарам. Навистина ќе накиснев...
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Само кога навистина ќе добие, доаѓа до мене и сосем тихо ми вели: - Тато, и денес добив петка!
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)