навистина (прил.) - многу (прил.)

Почитувачите на неговото дело, во изјавите после напуштањето на светот на живите, ќе наведат: „Момо Капор навистина многу знаеше.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Е, нема што ... другар политички - пак се одгласи Јани. - Навистина многу трогателно.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сепак, би ми било навистина многу драго ако успеа да сфатиш дека не бевме ниту деспоти, ниту ненаситни посесивци, туку дека се трудевме да ти овозможиме најдобри услови за безгрижен, самостоен развиток, да ти всадиме широки и хумани погледи кон светот, да ти дадеме скапоцени совети за што побезболно да ги минеш младешките кризи.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кога на неколку чекори на излегување од кафеаната А А. ми рече дека би сакал повторно вечерта да се види со мене, зашто сум навистина многу начитан, но за жал без потребната идеолшка наобразба, јас се согласив повторно да се сретнеме.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во приквечерјата имаше навистина многу сурфери, плажата Ваикики е вистински рај за нив.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
- Е, сега претеравте – згрме страшно со тој нејзин глас од кој, кога е навистина многу лута, коските ми се стресуваат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Престанете и двајцата и кажете ми веќе еднаш што се случило!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но тоа беше еден навистина многу краток момент!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Случајот, како што се покажа потоа, бил навистина многу сложен, многу сериозен, дури тенок, деликатен.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Чанга научи навистина многу од книгите за козите, но и татко ми многу дозна за животот од Чанга, посебно за природата на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)