навистина (прил.) - си (зам.)

„Мамо, мамичке, па ти навистина си спремила мусака“, со светнати очи викаше детето заграбувајќи со лажицата од гравот, гледајќи ту во мајка си, која се крстеше и се заблагодаруваше на милоста Божја, ту во чинијата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Убаво. Гледам дека навистина си се уморил од животот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Во еден момент помислив дека настојуваш да ме упатиш во некои твои недоразбирања со Јана - ѝ реков, верувајќи дека не сум далеку од нејзините размисли.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ми помагаше лицето на Катерина. Навистина си вообразував дека нејзино лице е читлива книга!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И јас навистина си замислував дека грубоста, налутеноста а подоцна и страсната лакомост нему му случеше само за будење на поспаниот извршител на гревот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„А ти од тие скришни места ми носиш подароци?”, го задевав јас.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И си дојде, навистина си дојде и навистина со вујка си Ѓура и некој си Димитрија Попов, претседател од Старавина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нејзината мека и топла рака се прошетува по неговото крзно и задоволен од признанието што му е оддадено навистина си заминува во својата куќичка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)