Но зашто и тој не рече дека навистина треба да му се „пресретне“ патот на Хаџи Ташку, и сам Боше и сите другите сфатија дека Боше лавна штогоде и повеќе никој не отвори уста.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Е, за такво нешто, братко, навистина треба да се испотиш.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
- Навистина треба да сожалуваш што не си ја треснал главата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Веќе навистина треба да го тужи.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Се сеќавам дека сосема сосема тихо забележав: -Можеби навистина требаше да се придржувам на желбите на мајка ми.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Никого да не викаме! – но и вака изречени зборовите веројатно зазвучиле како да си префрлам, како да се прекорувам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Навистина требаше ти да го сториш тоа, помалку заради себеси а повеќе заради мене“, реков сосема тихо, и нешто непријатно како крила во мрачна ноќ прелета низ честакот на моите мисли.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Извини, веројатно претерувам, но ти ме учеше да не се затскривам зад насмевки или зад солзи.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Уметниците се изложуваат на своевидно растројување на сетилата - на пример, Рембо, Ван Гог, Арто.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Општо зборувајќи, ризикот е теориски, како некаков вид нус-производ и мазохизам инхерентен за секој креативен чин, па навистина требаше да се причекаат шеесеттите и почетокот на седумдесеттите за да се види како уметниците ги загрозуваат своите тела и им нанесуваат жестока физичка болка со цел да произведат мисла. (Pluchart 1978; 39)
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Костадин не се лути, не се развикува како што знаеше да прави, седи така облечен во неговите алишта, климка со главата ама лицето не го врти на кај неа, пак мирно го пушта својот глас, мек, топол и во него топла грижа дека таа навистина треба да си поспие да собере нови сили, а тој ќе бдее врз внучињата нешто да не ги нараси, да не се појави стаорец од некоја дупка и да се полакоми по некое носе или увце.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Но едно е да се има право а сосема нешто подруго да помислиш на дилемата дали навистина треба да постапам така?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Нели, таа борба во нас за превласт на увереноста или на сомнението е постојана, дури и вечна, бидејќи искуството нè подучува дека не е сè толку здодевно обично, како што нам во еден момент ќе ни се пристори.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Д навистина треба да е среќен што преживеа.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
„Навистина треба да се наоѓа и тој таму.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)