Околу девет саатот по „алафранга" навистина влезе во кафето еден млад човек — одвај да имаше триесетина години, облечен во градски алишта, избричен, со високо чело, дебели усти, над кои убаво засуканите долги црни мустаќи му ја потврдуваа и убавината, и сериозноста на неговото машко лице.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)